Кубанската Влада ги осуди новите мерки на американскиот претседател Доналд Трамп за затегнување на политиката на САД кон карипскиот остров, како пречка за односите меѓу Вашингтон и Хавана, но наведе дека останува подготвено да го продолжи „важниот дијалог“, јави ТАСС.
Комунистичката власт на Куба посочи дека, Трамп прибегнува кон „принудните методи од минатото“, кои му штетат на кубанскиот народ и го попречуваат економскиот развој, но нема да ја ослабат револуцијата.
– Кубанската Влада ги осудува новите мерки, кои се осудени на неуспех. Тие нема да ја постигнат својата цел да ја ослабат револуцијата, се наведува во соопштението на Владата на Куба.