Средствата на сириската Централна банка ќе останат блокирани во Швајцарија, се наведува во денешното соопштение на швајцарскиот Федерален суд, што е највисоката судска инстанца во земјата.
Деталите за одлуката ќе бидат објавени подоцна денеска.
Се уште не се дадени информации за износот на блокираните сириски средства во Швајцарија.
Сириската Централна банка на суд ја оспори одлуката на Берн, со што Централната банка во 2011 година беше ставена на црната листа на сириски правни и физички лица, чии сметки се замрзнати.
Одлуката на Федералниот суд на Швајцарија, што беше објавена денеска, е донесена со мнозинство од тројца судии кои гласаа „за“ и двајца „против“.