Двонеделен штрајк на кабинскиот персонал на „Бритиш Ервејз“

Од:

Кабинскиот персонал на најголемата британска авионска компанија „Бритиш Ервејз“ (БА) стапува во двонеделен штрајк поради долготрајното несогласување со управата на компанијата околу платите на вработените и нивните бенифиции, соопштија денеска британските синдикати.

Предвидено е штрајкот да почне на први и да трае до 16 јули на полноќ.

Првично, тој требаше да трае четири дена и да почне од денеска, но е одлучено да се остават следните две недели, како временски простор за можно изнаоѓање решение со менаџментот на БА.

Решението за штрајк е донесено откако менаџментот не ја прифати последната понуда на синдикатите, во врска со казнувањето на кабинскиот персонал во компанијата, поради нивното учество во поранешниот штрајк.

Синдикалната управа тврди дека на овие луѓе, а станува збор за 1.400 вработени, не им биле вратени укинатите бенифиции.

Наместо тоа, компанијата има создадено „црна листа“ за казнување на штрајкувачите. За нив нема исплаќање на бонуси, а тие не можат ниту да ги користат разните олеснувања што им следуваат при летањето на долги релации.

Би можело да ве интересира

150 патници на Бритиш Ервејс патувале речиси 24 часa од Лондон до Дубровник

Бритиш ервејс ја прекина продажбата на билети за кратки дестинации од аеродромот Хитроу

Првиот човек на „Бритиш Ервејз“ поднесе оставка

Жарко Настоски