Две сопатнички повредени во две сообраќајки во Тетовско

Од:

Две повредени лица и материјална штета од околу 180 илјади денари се последиците од двете сообраќајни несреќи што во текот на вчерашниот ден се случиле на две различни места во Тетовско, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Првата сообраќајка се случила на регионалниот пат Тетово-Јажинце пред влезот во селото Доброште околу 12 часот и 30 минути. При тоа се судриле „Голф“ со германски таблици управуван од Р.А.(47) од Урошевац, Косово и „Цитроен“ со косовски таблици што го управувал 32-годишниот Ф.Т.(32) од Драгаш, исто така, од Косово. При судирот А.Т.( 58 ) која била сопатничка од „Цитроенот завршила со телесни повреди и со друго возило била пренесена во Тетовската болница. По укажаната лекарска помош била задржана за натамошна опсервација.

– Во извршениот увид првично е утврдено дека причина за несреќата е непочитување првенство на минување, а вкупната материјална штета се проценува на 100 илјади денари, рече Јосифовски.

И во втората сообраќајка со повреда се здобила сопатничка откако автомобилот „Ауди“ со тетовски таблици што го управувал И.З.(50) од Стримница се судрил со „Опел астра“ со скопски регистерски таблици управуван од Ш.Џ.(67) од Долно Свиларе. Несреќата се случила синоќа околу 20 часот на локалниот пат Стримница-Челопек и при тоа Х.З.(51), сопатничка од Аудито, се здобила со телесни повреди. Таа со друго возило била пренесена во Тетовската клиничка болница и по укажаната помош била пуштена на домашно лекување.

И тука полицијата извршила комплетен увид и првично било утврдено дека причина за несреќата е неприлагодена брзина, додека вкупната материјална штета се проценува на 80 илјади денари.

Би можело да ве интересира

Обвинителство: Во несреќата кај Штип загинаa тројца работници, двајца од Бангладеш и еден од Непал

Горан Наумовски

Тројца работници загинаа, а двајца се тешко повредени во сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш

Горан Наумовски

Несреќа на патот Штип-Радовиш, има починати и повредени

Горан Наумовски

Во сообраќајка во Луксембург загинаа тројца државјани на Косово

„Мерцедес“ излета од патот кај Облешево, загина возач

Горан Наумовски

Еден загина, тројца тешко повредени во сообраќајка кај Градско

Горан Наумовски