Ставрески: Извештајот на Светска банка во неколку аспекти ја истакнува Македонија како лидер во регионот

Од:

Извештајот на Светска банка во неколку аспекти ја истакнува Македонија како лидер во регионот и во однос на бизнис климата и условите за водење бизнис, каде што дури се користат и нестандардни зборови дека Република Македонија треба да биде користена како пример од страна на другите земји, истакна денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Тој посочи дека тоа е комплимент и нешто на што треба да бидеме заеднички горди, бидејќи, како што рече, е реализација на една посеопфатна пет шест годишна програма за реформи и подобрување на бизнис амбиентот.

– Вториот дел во кој што исто така истакнуваат дека Република Македонија е една од двете земји во Југоисточна Европа која што има умерено ниво на задолженост и здрави фискални политики исто така е позитивен и е на некој начин и одговор на дилемите во земјава во однос на позициите на Владата и опозицијата во однос на здравите фискални политики и нивото на задолженост, рече Ставрески.

Верувам, додаде вицепремиерот и министер за финансии, дека сега со повторната потврда од страна на Светската банка дека Македонија е умерено задолжена земја дека води здрави фискални политики, опозицијата ќе го прифати тоа како став бидејќи тоа е конечно мислење на релевантни меѓународни институции.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница