Соло-рецитал на Кристијан Антовски во Софија

Од:

Во Музичкиот центар „Борис Христов“ во Софија, синоќа солистички рецитал одржа македонскиот оперски уметник Кристијан Антовски.

Во пијано придружба на Андреј Наунов, Антовски се претстави со дела Хендл, Глинка, Чајковски, Моцарт, Верди… а посебен интерес кај публиката предизвикаа македонските „Вардаре“ од Трајко Прокопиев и неколкуте аранжмански обработки од Андреј Наунов на традиционалните македонски песни „Си заљубив едно моме“ и „Болен ми лежи, Миле Поп Јорданов”.

Пред бројната публика во Софија, македонските уметници ги претставија Васко Шутаров во име на КИЦ на Република Македонија во Софија и Елена Драгостинова од име на Музичкиот центар „Борис Христов”.

Концертот се одржа во рамките на 13. Фестивал на уметностите на кој нашата земја, претставена од нашиот Центар во Софија, учествува по четврти пат.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска