Развој на спортот во Македонска Каменица

Од:

Инвестициите во спортот и спортските клубови во Македонска Каменица и подобрувањето на условите за тренинг и работа на клубовите ги донесоа и првите резултати и успеси на клубовите од градот.

Како што истакна градоначалникот Дарко Митевски, овие успеси се гордост за малата општина чија тенденција е да се промовира спортот како начин на живот на младите.

– Пред десетина дена ФК „Каменица-Саса“ се пласираше во Втората фудбалска лига, додека деновиве женскиот КК „Баскет-Кам“ се пласираше на третото место на младинскиот куп на Македонија. За општина Македонска Каменица, како мала општина е огромно задоволство постигнувањето спортски резултати. Она што пред 5-6 години го започнавме со инвестиции во невладините организации и спортските клубови преку одлуките на Советот и за зголемување на тие дотации секоја година, сведоци сме дека огромен број деца се натпреваруваат во најразлични спортски лиги. Оваа традиција посакувам да продолжи за Македонска Каменица да има со што да се гордее, рече Митевски.

Додаде дека Куќата на спортот, каде се сместени сите спортски клубови, веќе стана препознатливо место во регионот каде растат и се развиваат младите спортиски.

– Првата фитнес сала отворена во новиот објект Куќата на спортот во Македонска Каменица, веќе се покажа дека е полн погодок. Бесплатниот промотивен месец беше вистинска шанса, многу од младите да се запознаат со овој спорт кој освен здрав начин на живот придонесува и за поубав изглед и физичка кондиција, истакна Митевски.

За фитнес- салата иневстицијата е од РОЦ „Саса“ кој донираше 30 илјади евра за набавка на најсовремени справи за вежбање. Максим Прохоров, директор за инвестиции во РОЦ „Саса“, истакна дека тие како општествено одговорна компанија ќе продолжат и понатаму да инвестираат во спортските клубови, преку набавка на дресови и соодветна опрема.

– Ние за да инвестираме во фитнес–салата бевме поттикнати од светскиот шампион во пауер-лифтинг Бошко Стаменковски, кој е од Македонска Каменица и кој работи кај нас како обезбедување. Водени од неговата идеја и согледувајќи дека нема услови за вежбање во Каменица, ние одлучивме да инвестираме во фитнес- салата, а целта ни е овој спорт да биде достапен за младите од Македонска Каменица по теркот на големите градски центри, рече Прохоров.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ