Кочов прозиваше за првиот собир на јуниорската кошаркарска репрезентација

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години денеска го одржа првиот собир и официјално го започна подготвителниот период пред почетокот на континенталното првенство (дивизија Б) што ова лето, во периодот од 28 јули до 6 август ќе се одржува во Талин, Естонија.

– Задоволен сум како помина првиот собир. Имаме уште работа, треба да се фокусираме на некои финеси во одбраната и ’спејсинг’, но имаме време. Верувам дека се ќе биде како што треба да биде и достојно ќе се претставиме на Европското првенство, се првите импресии на селекторот на оваа репрезентација, Ѓорѓи Кочов.

На календарот на активности пред настапот на Европското првенство се неколку пријателски натпревари и тоа:
Словачка – Македонија (30 јуни)
Турција – Македонија (1 јули)
Турција – Македонија (2 јули)
Бугарија – Македонија (3 јули)
Бугарија – Македонија (4 јули)
Австрија – Македонија (8 јули)
Австрија – Македонија (9 јули).

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос