Во рамките на Фестивалот на уметностите во Музичкиот центар „Борис Христов“ во Софија, вечерва ќе се одржи солистички концерт на македонскиот оперски уметник Кристијан Антовски.
На програмата ќе бидат изведени дела од Хендл, Глинка, Чајковски, Моцарт, Верди…, како и неколку обработки на традиционални македонски песни.
Кристијан Антовски на пијано ќе го придружува познатиот македонски пијанист Андреј Наунов.
Оперскиот уметник Кристијан Антовски е роден 1984 година во Скопје. Во 2007 година дипломира на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Биљана Јовановска-Јакимовска. Вработен е во Македонската Опера и Балет на чија сцена има изведувани главни и споредни улоги во оперите „Турандот“, „Волшебната флејта“, „Боеми“, „Италијанката од Алжир“ и други.
Проектот е дел од годишната програма на КИЦ на Републиука Македонија во Софија и се остварува во соработка на Центарот во Софија и Музичкиот центар „Борис Христов“.