Турската полиција откри денеска два куфери со околу 16 килограми хероин во автобус на станицата Есенлер во Истанбул.
Наркотикот требало да биде транспортиран до пристаништето Анталија.
И покрај тоа што сопствениците на двата куфери имале билети од Истанбул до Анталија, тие забележале дека полициски тимови како го пребаруваат багажот и успеале да побегнат.
Полицијата презела операција за пронаоѓање шверцерите на наркотици.