Парламентот на Унгарија го усвои денеска Закон за невладини организации кои се финансираат од странство.
Законот е усвоен и покрај протестите на меѓународната заедница, а се смета дека неговата цел е американскиот милијардер Џорџ Сорос, кој во Будимпешта го основа Централниот европски универзитет, пренесува Танјуг.
Законот, за кој денеска гласаа владејачките партии предводени од премиерот Виктор Орбан, налага на групите кои добиваат повеќе од околу 26.000 долари годишно од странство тоа да го пријават на судовите и да го објават на голем број нивни онлајн и печатени публикации.
Невладините организации исто така, ќе мораат да ги наведат спонзорите од странство кои им дават повеќе од околу 1.800 долари годишно.
Во амандманите на законот земени се предвид некои од препораките на Венецијанската комисија, европската група правни експерти, но повеќето спортни прописи останаа во законот.
Владата на Орбан тврди дека мерките се насочени кон зголемување на транспарентноста, како и за борбата против перење пари и финансирање на тероризмот.
Сепак, критичарите законот го гледаат како дел од неговите напори да се задушат различните мислења и ставови и да ја зголеми контролата над јавниот дискурс.
Европската комисија и ОН го осудија законот наведувајќи дека би можел да „дискриминира и делегитимира“ невладини организации.