Поранешниот македонски селектор Александар Џикиќ ќе го напушти Партизан и во новата сезона ќе ја предводи екипата на Будуќност, објавија дел од црногорските медиуми.
Српскиот стручњак ги прифатил условите од црногорскиот шампион и се очекува да стави потпис на договорот за кој не се откриваат детали.
Џикиќ на клупата на Партизан беше една и пол година, а претходно работеше во Беовук, Олимпија, Крка и Литвос Ритас.
Со репрезентацијата на Македонија избори учество на ЕП 2015.