Американскиот министер за одбрана, Џејмс Матис изјави дека Северна Кореја претставува најургентна закана за меѓународниот мир и безбедност.
Тој изјави дека севернокорејската нуклеарна програма претставува „јасна моментална закана“.
Во пишаната изјава упатена до пратениците пред расправата за буџетот на Пентагон, Матис наведе дека Северна Корја ја зголемува брзината и обемот на својата нуклеарна програма, за која севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека еден ден ќе биде во состојба да лансира бомба кон САД.
Пјонгјанг оваа година изврши повеќе ракетни и нуклеарни проби.