Со убедливи 38 поени разлика младите кошаркарки на Бадел 1862 вчеравечер ги победија врсничките од Шкупи (98:60) и ја освоија шампионската титулата во домашното првенство во конкуренција до 16 години.
Играта беше изедначена само во воведните минути од натпреварот. Веќе кон средината на првиот период Бадел 1862 создаде предност која без проблеми ја задржа до крајот.
Бронзениот медал од на „Фајнал-фор“ турнирот кој се одржа во Скопје, замина во рацете на Баскет Кам кој претходно ја совладаа Струга 2009.
За најкорисна кошаркарка на (МВП) на завршниот турнир беше избрана Матеа Атанасовска од шампионскиот тим на Бадел 1862.
Со тоа практично беше затворена и натпреварувачката сезона 2016/2017 во младинските кошаркарски првенства на Македонија.