Новиот мобилен уред на компанијата „Блекбери“, „КиУан“, официјално пред неколку дена е пуштен во продажба на американскиот пазар.
Меѓутоа, првите купували на овој уред се незадоволни поради необичниот проблем кој го имаат.
Имено, екранот на некои мобилни телефони „КиУан“, воопшто не е залепен за телото на мобилниот уред.
Овој проблем во видео на Јутјуб го објави Џери Риг, кој забележал дека дисплејот на „КиУан“ едноставно се одвојува од телото на телефонот и нема ништо што би го држело цврсто.