ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните очекуваат владата да го реализира ветеното членство во ЕУ и НАТО

Од:

„Граѓаните очекуваат од Владата на СДС да се однесува одговорно и да започне со реализација на тоа што го ветуваше, а не да продолжи да глуми опозиција.

СДС вети брзо членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО без да се задира во идентитетските прашања и да се прават штетни договори на сметка на Македонскиот народ и држава. СДС има одговорност пред граѓаните да го реализира ветеното.

Неуспехот на СДС во реализација на ветувањето за брзо членство во ЕУ и НАТО ќе биде неуспех за цела држава.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи активно да работи, да лобира и да инсистира Република Македонија да стане член на ЕУ и НАТО.

ВМРО-ДПМНЕ ги има напревено најголемите успеси на евроатлантскиот пат на Република Македонија, добивајќи препорака за отпочнување на преговорите осум пати во низа.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ овозможи визна либерализација на македонските граѓани за земјите од ЕУ и Шенген зоната.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја доведе Република Македонија пред портите на НАТО и само заради проблемот кој Грција го има со нашео име останавме надвор од алијансата.

Тоа се постигнувања од кои и граѓаните и државата имаат директна корист. Тоа се реализирани ветувања кои се очекуваат од одговорна власт“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски