Расчистени наносите на магистралниот пат кон Македонска Каменица

Од:

Македонија пат – секција Кочани од изутрината интервенираше за расчистување на магистралниот пат Кочани-Македонска Каменица каде што се отстранети над илјада метри кубни камења и земја.

– Во соработка со сообраќајната полиција изутринава околу 4 часот интервениравме во расчистувањето на овој магистрален пат, со што по неколкучасовна работа патот целосно е оспособен за сообраќај, истакна Влатко Јорданов,раководител на Македонија пат- секција Кочани.

Според Јорданов, тие редовно ги одржуваат и останатите три магистрални патни правци кон Берово, Пробиштип и Пониква. Што се однесува до резервите на песок и сол во пунктот на Македонија пат во Кочани нив ги има во доволни количини.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози