А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Кичево презентиран проектот „Мултикултурна повеќејазична дигитална библиотека“

by А1он12/06/2017 - 13:26235
Share0

Во градската библиотека при НУЦК Кочо Рацин во Кичево беше презентиран проектот „Мултикултурна повеќејазична дигитална библиотека“, во чии рамки во период од 12 месеци, од 1 јуни годинава до 31 мај 2018 година, се очекува многу млади и непознати автори за прв пат да ги објават своите дела.

Добивај вести на вибер

Можност да учествуваат во проектот имаат сите млади автори од етничките заедници (Македонци, Албанци, Турци, Роми и Срби) од Република Македонија, регионот и дијаспората. Жанрот на делата за доставување не е ограничен, т.е. авторите може да конкурираат со проза, поезија и драма.

– Од сите пристигнати текстови издавачката комисија на проектот ќе избере 12 дела од автори од сите етнички заедници што ќе бидат објавени во бесплатната дигитална библиотека на Фондација Македоника. Делата ќе бидат објавени двојазично, на македонски јазик и на мајчиниот јазик на авторите (албански, турски, ромски и српски). Во рамките на дигиталната библиотека ќе биде организиран и социјален форум каде читателите ќе ги коментираат и оценуваат објавените текстови, рече Андреа Ичокаева Бундалевска која е дел од тимот Фондација Македоника.

Проектот го реализира Фондација Македоника, со поддршка на „ЦИВИКА МОБИЛИТАС“.

kicevo

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Имаме историска шанса да го добиеме Кичево, да биде симбол на соживот, а не на поделби

Горан Наумовски30/10/2025 - 20:32

Јовановски: Сите оние коишто се уште се двоумат, нека размислат уште еднаш

А1он28/10/2025 - 19:35

(ВИДЕО) Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух

Горан Наумовски27/10/2025 - 15:00

„Анима Мунди“ со обвинување до градоначалникот Фатмир Дехари за 40 убиени кучиња во Кичево

А1он25/10/2025 - 10:5225/10/2025 - 10:52

18-годишно момче со автомобил усмрти пензионер, па избега од местото на нсреќата

Горан Наумовски26/08/2025 - 09:53

Фатмир Дехари ќе се бори за уште еден градоначалнички мандат во Кичево

Горан Наумовски05/08/2025 - 17:2805/08/2025 - 17:38
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен