ОЈО побара притвор за лицето кое што фалсификувало исправи

Од:

По примена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за сторени кривични дека – Фалсификување исправа од член 378 и – Изработување и набавување на оружја и средства наменети за извршување на кривично дело од член 395 од Кривичниот законик.

Осомничениот откако набавил предмети – соодветна опрема за кои знаел дека се наменети за извршување на кривично дело со умисла извршил повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело – Фалсификување на исправа. Имено, во периодот од 2012 до 2017 година осомничениот изработувал разни јавни исправи со невистинита содржина и тоа, лични карти, возачки дозволи, свидетелства за завршено средно образование, судски решенија, пресуди, договори за купопродажба на моторно возило, медицинска документација и слично. Исправите ги изработувал на лажни обрасци, како да се издадени и заверени со печат и потпис од државни и јавни институции од државата. Целта била фалсификуваните јавни исправи натаму да се користат од страна на наши државјани и странци , како вистинити во правниот промет во Република Македонија и во странство.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување на истражна постапка и до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за осомничениот.​

Би можело да ве интересира

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

ОЈО: Истрага за царинските измами со цигари – штетата на Буџетот е над 4 милиони евра

А1он

Кратовец со нож прободе полицаец, ќе оди во притвор

А1он

ОЈО води истрага за проневера и перење на над 2,2 милиони евра – првоосомничен е сопственик на фирма од Кучевиште

А1он

Нови седум осомничени за транспортот на марихуана од Македонија во Србија

А1он

Резултатите за квалитетот на гостиварската вода ќе бидат готови утре