На терените на Теннис Парк од денес до 18 јуни започнува главниот дел од Меѓународниот турнир „Теnnis Europe“ за тенисери и тенисерки до 16 години.
– Тенискиот клуб Теннис Парк ја има честа да го организира овој одличен и значаен турнир на кој ќе погледнеме беспрекорни тенисери и тенисерки, и без сомнение квалитетен тенис, информира организаторот на турнирот.
Ги покануваме сите љубители на тенисот да дојдат и заедно да ги проследиме натпреварите, апелираат од Теннис Парк.