Меланија Трамп и нејзиниот син се вселија во Белата куќа

Од:

Американското претседателско семејство конечно се собра под еден покрив во Белата куќа.

Пет месеци по Доналд Трамп, вчера и неговата сопруга Меланија и нивниот најмал син Барон се сместија во својот нов дом.

Претходно, првата дама ја прекши традицијата и по инаугурацијата на својот сопруг, остана да живее во „Кулата Трамп“ во Њујорк, за 11-годишниот Барон да може да ја заврши учебната година.

Се очекува Барон наесен да го продолжи образованието во приватно училиште во Мериленд.

Минатата среда, претседателот го прослави својот 71-ви роденден.

Би можело да ве интересира

Трамп најави дека ќе ги олесни прописите на Бајден за поседување оружје

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена