Романките се први на ранг листата на жени во Европската унија кои заземаат раководни позиции во компаниите, покажува статистиката претставена неодамна од Европската комисија, соопшти сајтот Зиаре.
Романија е на прво место во Европа според бројот на жени на раководни позиции и во административните совети на фирмите, со над 30 проценти од раководниот персонал на компаниите.
На второ место е Летонија со малку над 20 проценти.
Просечното ниво за Европската унија во однос на жените на раководни фуникции во фирмите е 13,7 проценти.