Австрија забранува носење бурка од 1 октомври

Од:

Во Австрија денеска стапи во сила закон со кој од 1 октомври во државата е забрането носење бурки на јавни места.

По одлуката на Франција во 2011 година да ја забрани бурката, слични одлуки донесоа и други држави во Европската унија. Казната за кршење на тој закон е 150 евра. Законот беше усвоен во мај, а претседателот на државата оваа недела го потпиша.

Други мерки вклучуваат спречување на дистрибуција на екстремистички материјал, додека од мигрантите ќе се бара да потпишат „договор за интеграција“. Договорот подразбира 12-месечна интеграциска програма во која се вклучени курсеви за усвојување вредности на германскит јазик. Неприсуство на курсот значи и намалена социјална помош.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник