ВИДЕО: Фискер Инк го пушта во продажба својот нов електромобил

Од:

Поранешниот дизајнер на Астон Мартин и основач на Фискер Инк, Хенрик Фискер објави кусо видео од својата нова креација – електричен спортски автомобил наречен Фискер Е-Моушн.

Електромобилот ќе се најде на пазарот во август годинава. Има електричен движечки систем, чијашто моќност се уште не ја знаеме, но знаеме дека ќе развива максимална брзина од 260 километри на час. Вградените батерии се доволни автомобилот да помине 650 километри.

Цената на возилото ќе изнесува 129.900 долари.

Автомобилската компанија Фискер Инк е основана во 2007 од поранешниот дизајнер на Астон Мартин, Хенрик Фискер, а е специјализирана за производството на еколошки чисти супер-автомобили.

Би можело да ве интересира

„Сони“ најави компанија за електромобили

Ана Ололовска

„БМВ“ го продаде милионитиот електромобил

Ана Ололовска

Нова „батерија на иднината“ за електромобили

Ана Ололовска

Џенерал моторс повлекува повеќе од 73.000 електрични возила од пазарот

Ана Ололовска

Норвешка е прва во светот според купени електрични автомобили

Ана Ололовска

По 2035 година, Јапонија останува без автомобили на бензин

Ана Ололовска