Портпаролот на шпанската Влада, Иниго Мендес де Виго изјави денеска дека властите ќе блокираат било каков обид за натамошен процес за независност во Каталонија, откако лидерот на тој регион Карлес Пуџдемон најави дека на 1 октомври ќе се одржи референдум за отцепување.
– На каков било потег кој ќе следи по ваквата објава, Владата во Мадрид сигурно ќе поднесе жалба. Тој референдум нема да се одржи бидејќи е незаконски, истакна Мендес де Виго на прес-конференција.