Средношколци од Темпи, Аризона, престојуваат во Скопје

Од:

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски денеска прими средношколци од Темпи Аризона, од Соединетите Американски Држави, од каде секоја година ученици доаѓаат на меѓународна училишна размена кај нивни врсници во Скопје.

Коцевски им посака добредојде и истакна дека му е задоволство што Скопје ќе биде нивни домаќин. Темпи е еден од градовите со кои Скопје е збаратимен град и тие имаат одлична соработка во сите облати.

– Во текот на изминатите децении многу видни личности од Скопје имаат студирано и престојувано во вашиот град и се вратиле со позитивни впечатоци. Се надевам дека и вие ќе понесете такви впечатоци од вашата посета на Скопје, рече Трајановски.

Тројца средношколци од Темпи ќе престојуваат неколку недели во Скопје и Македонија, а во текот на годината тројца средношколци од Скопје ќе престојуваат во Темпи.

Град Скопје информира дека соработката меѓу Скопје и Темпи датира од 1971 година, кога првпат еден американски град се збратимил со град во Источна Европа. Оттогаш над 160 ученици од Скопје престојувале во Темпи и обратно. Покрај ученици, во овие размени учествувале и студенти, уметници, спортисти, претставници на администрацијата, градоначалници…

– Пред неколку години на иницијатива на господин Ричард Њухајзл, кој воедно е и почесен граѓанин на Скопје, се одржа Балканска конференција на збратимени градови, соопшти Град Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето