Дониран училишен мебел во кумановското ОУ „Браќа Миладиновци“

Од:

Основното училиште „Браќа Миладиновци“ од Куманово доби нов училишен мебел – 250 клупи и 500 нови столчиња за учениците. Oбезбеден e преку донацијата од Централна европска банка во вредност од 200.000 евра, соопшти Марина Манојловска, директорк на училиштето.

– Многу ни значи оваа донација која ни е дадена преку Министерството за образование и наука. Учениците од одделенска настава од прво до петто одделение од септември ќе следат настава во нов училишен мебел, што значително ќе влијае врз воспитно-образовниот процес, бидејќи дел од училшниот мебел е стар и по четириесетина години, изјави Манојловска.

Утре се очекува да пристигне и последната пратка, така што од понеделник мебелот ќе биде поставен низ училниците во централното училиште, но и во дисперзираните објекти на училиштето лоцирани на улицата „Тане Георгиевски“ и кај Соколана. Преку проектот претходно беше извршена санација на фасадата на училиштето, на покривната конструкција, надворешната и внатрешната столарија.

– Работиме на нов проект за парно греење во Соколана, фасадирање, промена на надворешна столарија, врати, подови и претпоставувам дека објектот треба да биде заокружен, рече Манојловска.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска