Путин: Немам лоши денови затоа што не сум женско

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека нема лоши денови затоа што не е женско и дека не би се капел во близина на хомосексуалец, затоа што не сака да го провоцира.

Во документарецот на Оливер Стоун, кој се состои од серија интервјуа со Владимир Путин, рускиот претседател ги изложи своите ставови на голем број теми, од геополитиката до животот и љубовта.

Кога во текот на прошетката во Кремљ, Стоун го праша дали има лоши денови, Путин рече дека за тоа не мора да се грижи поради самиот факт дека е маж.

– Не сум жена и затоа немам лоши денови. Не сакам никого да навредувам. Тоа едноставно е природна работа. Постојат одредени природни циклуси, го објасни својот став на американскиот режисер, јави Блумбрерг њуз.

Путин исто така го искористи документарниот филм да демантира дека постои каков било прогон на геј популацијата во Русија и покрај законот против „пропагнадите за хомосексуалноста меѓу малолетниците“ и големиот број извештаи за прогонот на хомосексуалците во Чеченија.

Сепак, кога Стон го праша дали би се капел покрај хомосексуалец, рускиот претседател одговори негативно.

– Повеќе би сакал да не се капам покрај него. Зошто да го провоцирам. Но знаете, јас сум мајстор на џудо, истакна Путин.

Путин, исто така, му ја покажа на Стоун Москва и ги опиша своите секојдневни вежби. Освен тоа, во документарецот тие го гледаа Кјубриковиот класик Доктор Стрејнџлав или: Како научив да не се грижам и ги засакав бомбите.

Интервјуто ќе биде прикажано на кабловската мрежа Шоутајм во формат на четири едночасовни епизоди, почнувајќи од следната недела.

Би можело да ве интересира

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

Москва не го признава Меѓународниот кривичен суд, реакција по налогот за апсење на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп