• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Реакција на Град Скопје

by А1он08/06/2017 - 10:42279
Share0

„Градот Скопје реагира на невистините што во текот на изминатите два дена беа пласирани во медиумите во врска со пропаѓањето на камион во површинската фонтана на плоштадот „Македонија“, како и на обвинувањата дека станува збор за неквалитетна градба на оваа фонтана.

Добивај вести на вибер

Сакаме да нагласиме дека површинската фонтана на плоштадот „Македонија“ е градена според сите стандарди за изведба на ваков тип фонтани. Станува збор за површинска, таканаречена сува фонтана со вкопано армирано-бетонско корито.

Водата што прска од фонтаната понира меѓу плочите, се прочистува и се враќа во системот. Поради таквиот начин на работа, површинските фонтани никаде во светот не се предвидени по нив да се движат возила, а особено не тешки товарни возила.

Градот Скопје сака да појасни дека околу плоштадот „Македонија“ има кружна црна патека од гранит којашто е предвидена да издржи тежина на камиони. Дополнително, пред одржувањето на пречекот на европскиот ракометен шампион „Вардар“, на плоштадот имаше 5 (пет) чувари кои ги насочуваа камионите со опрема да се движат токму по црната гранитна патека. Камионот на ЈП „Улици и патишта“ што пропадна во површинската фонтана носеше огради (сопственост на МВР) предвидени за просторот пред и околу бината. Но, и покрај укажувањата на чуварите, возачот на камионот го завртел возилото кон фонтаната и пропаднал. Други камиони кои ги почитувале укажувањата од чуварите да се движат по црната гранитна патека без пречки ја транспортирале опремата за бината.

Оттука, грешката за пропаѓањето на камионот во површинската фонтана на плоштадот „Македонија“ е исклучиво кај возачот на камионот кој претходно бил предупреден дека возењето по оваа фонтана е забрането.

Во текот на вчерашниот ден екипи на Градот Скопје вршеа увид во направената штета на површинската фонтана на плоштадот „Македонија“, која ќе биде поправена и ставена во функција“, се вели во реакцијата на Град Скопје.

skopje

Би можело да ве интересира

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски19/01/2026 - 12:4819/01/2026 - 12:57

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Горан Наумовски10/01/2026 - 17:54

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он28/12/2025 - 14:48

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Горан Наумовски26/12/2025 - 18:02

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Горан Наумовски19/12/2025 - 14:16

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он15/12/2025 - 19:32
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен