(ВИДЕО) Ѓорчев: Чистачките не викаат вака, ова се пратеничките на СДСМ

Од:

Повторно скандал во Собранието и зовриена атмосфера Претседавачот со Комисијата за финансирање и буџет, согласно договорот, поради празникот „Свети Никола“  и бидејќи предлагачот на амандманот Георгиев не беше во салата, ја прекина седницата.

Влатко Ѓорчев по час и половина дебата не сакаше да го прекине говорот, со образложение дека според Деловникот, расправата треба да заврши кога тој ќе го заврши говорот.

Горан Мисовски се врати за да му објасни дека седницата е прекината и дека на сила ништо не бидува, и побара службите да го прекинат преносот, но тоа не се случи.

Ѓорчев ги обвини сите, од Црвенковски, до Зекири и Тачи и цело СДСМ дека го блокираат Собранието, и дека поради нив нема да има плати и пензии и дека целта им е да ја понижат Македонија.

„Го кршите Деловникот , ја узурпирате говорницата . Ќе го известам претседателот на Собранието дека службите не постапуваат според правилата“, рече Мисовски.

„Чистачките не викаат вака, ова се пратеничките на СДСМ“, рече Ѓорчев обраќајќи се кон пратеничките кои влегуваа во салата.

По ова настана општа расправија и надвикување на микрофоните меѓу пратениците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а МТВ го прекина преносот. Мисоски по ова, за А1 изјави  дека министерот Ставревски дал наредба да не се прекинува преносот, и дека за ова треба да се поднесе пријава против него.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема солза која не ја злоупотреби од родителите на починатите од Кочани

ВМРО-ДПМНЕ: И врапчињата знаат дека ДУИ раководи со „Дрисла“

ВМРО-ДПМНЕ: Кој и зошто му го даде на Филипче тендерот за модуларната?

Листа на кандидати за советници на ВМРО-ДПМНЕ за Советот на Град Скопје

Горан Наумовски

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова повторно продава исти лаги за Вардариште, во 2020 лажеше со Заев сега како кандидат лаже со Филипче

Предраг Петровиќ