Министерката Тренеска Дескоска најави можна суспензија на Кембриџ во средните училишта

Од:

Министерката за образование и наука Рената Тренеска Дескоска денеска најави дека се анализираат правните можности да се суспендира почетокот на имплементацијата на Кембриџ програмата во средните училишта.

– Оние коишто имаат искуства во образовниот процес, тука пред се мислам на наставниците коишто работат со децата, коишто ги образуваат… укажаа дека има многу недоследности, почнувајќи од тоа како е структуирана програмата од наставните содржини коишто се учат, да не зборувам веќе и за преводите коишто исто така беа несоодветни и создаваа конфузија. Ја анализираме правната рамка да создадеме некој начин да го суспендираме почнувањето на Кембриџот во средните училишта, истакна Тренеска Дескоска, на дебатата „Реформирање на неуспешните реформи“.

Таа се надева дека ќе наидат на поддршка и кај другите институции коишто ќе бидат вклучени во процесот со цел, како што рече, побрзо и поефикасно тоа да се направи.

– Конкурсот за уписот во средните училишта е објавен, значи уписите ќе почнат така што тоа ќе бидат активности коишто треба да ги дефинираме до крајот на наредната недела, рече министерката за образование и наука.

Министерката Тенеска Дескоска најави и намалување на бројот на часови за основниците и на административните обврски за наставниците, односно намалување на бројот на предмети во основното образование, помал број ученици во паралелките, намалување на бројот на часовите на наставниците со повисоки звања и подолг стаж за да можат да бидат ментори на помладите колеги.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март