Кривична пријава против директорот на Клиниката за неврохирургија

Од:

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против А.Ч. (57) од Скопје, лекар и директор на Клиниката за неврохирургија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „примање поткуп“, соопштуваат од МВР.

Пријавениот на 26.05.2017 година, од татко на 13-годишна пациентка, директно побарал 1.000 евра за издавање потврда со која би се потврдило дека Клиниката за неврохирургија не извршува хирушка интервенција каквa што требало да се изврши на пациентот. На 30.05.2017 директорот на клиниката ги зел парите со образложение дека истите се парична награда за него за издадената потврда.

На извршувањето на кривичното дело претходело лекување и хируршка интервенција над 13 – годишната пациентка од страна на пријавениот. Меѓутоа, таткото обезбедил парични средства за понатамошно лекување и хируршка интервенција на неговата ќерка во специјализирана клиника во Германија, за што му требало потврда од Клиниката за неврохирургија.

Пријавениот А.Ч. е лишен од слобода. При извршениот претрес во неговата работна канцеларија пронајдени се и одземени вкупно 24.890 евра, 4.477 американски долари, 2.250 швајцарски франци, 65 австралиски долари, 170 хрватски куни, 60 бугарски лева и 4.700 денари. Додека, при извршениот претрес во неговиот дом пронајдени се и одземени вкупно 9.750 евра, 10.000 денари и медицинска документација, за кои пријавениот немал доказ од каде потекнуваат.

Би можело да ве интересира

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

(ВИДЕО) Агитирање и летоци – нема посериозни инциденти за изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Поткуп со бонови за бензин, агитирање, закани по телефон за време на предизборниот молк

Катерина Ѓуровски

Одбележан Денот на македонската полиција

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – еден од напаѓачите полицаец

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он