Блумберг – Њујорк
Во последните две децении Европската унија се бори со забавување на продуктивноста, која го закочи зголемувањето на платите и економскиот раст. Политичарите се повеќе ја споменуваат инфраструктурата како можно решение. Надежта е дека изградбата на нови патишта и подобри мостови ќе може да им помогне на компаниите да ја подобрат својата ефикасност и така да биде рестартиран економскиот раст.
Иако инфаструктурата навистина може да го обезбеди толку неопходниот стимул на европските економии, тоа не е причината заради која ЕУ заостанува зад САД по растот на продуктивноста. Од средината на 90-ите години на минатиот век, тој се забрза во САД во однос на Европа, и покрај тоа што разлика во инвестициите во државната инфаструктура немало. За Европа, градежниот бум нема да биде доволен за пополнување на јазот кој ја дели од САД: неоходни се повеќе инвестиции во научноистражувачката и развојна дејност и обезбедување на можности за пробив на повеќе иновативни компании.
На историски план, државните инвестиции биле клучниот фактор за раст на продуктивноста. Економскиот историчар Александер Филд докажа дека инфраструктурата, изградена во содејство на Новиот курс на претседателот Френклин Делано Рузвелт помогнала САД да станат многу поефикасни на крајот на 30-ите и почетокот на 40-ите години од 20-иот век. Во Европа, опоравувањето по Втората светска војна исто е посочено за една од причините за економскиот бум од 50-ите години од минатиот век.
Пополнување на јазот
Проширувањето на јазот во продуктивноста меѓу САД и ЕУ од средината на 90-ите години од минатиот век всушност има малку заедничко со инфраструктурата. Меѓу 1995 и 2015 година, разликите меѓу продуктивноста по час на работниците од двете страни на Атлантикот пораснала од 23 на 33 проценти. Но јазот во државните инвестиции се намалил: во 1997 година, американската влада инвестирала приближно 3,8 проценти од БДП во нови капитални проекти. До 2015, тој уддел се намалил на 3,4 проценти. Во ЕУ државните инвестиции останале на ниво од 2,9 проценти.
И покрај се, можно е инфраструктурните расходи во ЕУ да биле поефикасни од оние во САД. Всушност постојат индикации кои го посочуваат токму обратното. Неодамнешно истражување на Рикардо Кресченци, професор по економска географија на Лондон скул оф економикс, заклучи дека меѓу 1995 и 2009 година немало јасна поврзаност меѓу инвестициите во патишта и економскиот раст во ЕУ.
Една од причините за тоа е дека политичарите имаат склоност да се расфрлаат со државни средства за некорисни проекти, а не за такви кои би ја зголемиле продуктивноста. Често се става акцентот врз големи планови како супербрзата железничка линија која ги поврзува Лондон со Манчестер и Лидс, при што постои ризик британското Биро за ревизија да процени ограничен поврат на вложените средства.
Други истражувања покажаа дека политичарите треба да се фокусираат повеќе на помали проекти кои се карактеризираат со подобар однос цена-вредност; тие всушност често се занемарувани. Дигиталната инфраструктура исто може да биде стимул за економски раст во регокните кои заостануваат. Европа би можела да стори повеќе во тој вид инвестиции.
Но ако Европа е сериозна во намерата да го пополни јазот со САД, тогаш е неопходно да биде даден приоритет на две други области. Првата се инвестициите во научноистражувачката и развојна дејност: неодамнешно истражување на Европската централна банка покажа дека додека јавните инвестиции во таа сфера во еврозоната всушност растеле уште пред кризата, тие всушнсот оставаат помали од катпиталните вложувања во САД. Разликата меѓу бројот на високотехнолошките производи останува голема.
Втората област е поврзана со режимите на неодржливост. Технолошките револуции никогаш не биле дело само на владата. Од таа причина, од првостепено значење повеќето иновативни компании да бидат оставени да процевтуваат. Проблемот во ЕУ е што претерано многу производствени фактори, како работниците и машините, се во рацете на неефикасни компании. Тоа го намалува просекот на продуктивноста и го отежнува ширењето на подобрите фирми. Едно од можните решенија е повеќе компании да бидат доведени до банкрот. Тоа налага европските банки да ги тераат оние кои земаат кредити кај нив да се држат до условите како и да бидат подобрени условите на неодржливост со цел да има повеќе контрлирани преструктуирања.
Ќе бидат потребни години, ако не и децении, Европа да го надомести своето заостанување зад САД. Но неопходно е стратешките решенија да бидат донесени сега. На крајот, и покрај тоа што инстинктот вели да се гради повеќе, сосема е возможно одговорите на проблемите на Европа со продуктивноста да се кријат на друго место.