Ќе се урива оградата околу Владата?!

Од:

Новата Влада на премиерот Зоран Заев има намера да ја урне оградата од ковано железо со која е обиколена владината зграда, пренесоа дел од медиумите кои се повикуваат на извори во новата влада.

Оваа ограда беше поставена во септември 2015 од скопската градежна компанија „Бауер БГ“ и чини 700 илјади евра.

Можно е уривањето на оградата да биде ставено уште на денешниот дневен ред на собраниската седница и на истата ќе се утврди како е изградена и на кој начин ќе се демонтира оградата.

Целта е околу владината зграда да се отвори просторот кој ќе биде слободен за движење на граѓаните. Премиерот Зоран Заев веќе побарал и портите се постојано отворени сè додека не се отстрани оградата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски