„Пратеничката од ДОМ, Маја Морачанин беше на студиски престој во Варшава за правата на жената и родова рамноправност организиран од Мрежата за родова еднаквост на Европската Зелена партија.
Учесничките остварија работни средби со Заменичката комесионер за човекови права, при полскиот омбудсман и со претставники од Полското Феминистичко движење. Целта беше запознавање со предизвиците на состојбата со женските права во Полска и солидаризирање со групите низ цела Европа кои се борат за еднаков третман на жените и мажите.
На заедничката средба на LGBTIQ мрежата и мрежата за родова еднаквост, Зелените дискутираа за здружување на силите во справувањето со предизвиците.
Зедно со европратеничките Ulrike Lunacek и Teri Reintke и активистите на полската Зелена партија, учесниците на семинарот се приклучија на Парадата за различност и еднаквост за подршка на правата на ЛГБТ лицата“ се вели во соопштението на ДОМ.