Зигмар Габриел очекува намалување на тензиите меѓу Берлин и Анкара

Од:

Германскиот министер Зигмар Габриел денеска во Санкт Петербург изјави дека се надева оти неговата претстојна посета на Турција ќе резултира со намачување на тензиите меѓу Берлин и Анкара.

– Бараме начин да се вратиме на нормални односи со Турција, ијзави Габриел, кој во Санкт Петербург учествуваше на Меѓународниот економски форум и имаше средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Како што јави ДПА, Габриел во понеделник ќе отпатува за Анкара, каде ќе се сретне со шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу.

Според најавите од Берлин, главна тема на средбата Чавушоглу – Габриел ќе биде прашањето околу забраната на Турција за посета на членови на Бундестагот на германските војници стационирани во турската база „Инџирлик“.

Анкара им забрани на пратениците на германскиот Парламент да ја посетата базата, како одговор на одлуката на Берлин да им даде политички азил на турски воени лица, осомничени за учество во ланскиот обид за воен удар во Турција.

По ваквата турска одлука. германската канцеларка Ангела Меркел најави дека е можно Германија да ги премести своите војници од „Инџирлик“ во некој друга воена база во земја од регинот на Блискиот Исток.

Поради порастот на тензиите меѓу Берлин и Анкара, посетата на Габриел се оценува како последен обид за надминување на несогласувањата.

Би можело да ве интересира

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници