Добротворен меѓународен базар 2017

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски денеска во Градскиот трговски центар присуствуваше на седмиот по ред „Добротворен меѓународен базар“.

„Добротворниот меѓународен базар“ се одржува по повод 1-ви јуни, Меѓународниот ден за заштита на правата на детето, кој е прогласен за посебен ден на децата од страна на УНИЦЕФ во 1925 година на Светската конференција за благосостојба на децата одржана во Женева, Швајцарија.

Организатор на „Добротворниот меѓународен базар“ е здружението „Добродојде – Macedonia Welcome Centre“, а главен покровител и оваа година е Град Скопје. Почесен претседател на „Добротворниот меѓународен базар 2017“ е Душанка Дивјак – Томиќ, амбасадор на Република Србија во Република Македонија.

Собраните финансиски средства од овогодишниот „Добротворен меѓународен базар“ ќе бидат употребени во хуманитарни цели за училиштето за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ од Скопје.

На овој базар, како и минатите години, на повеќе од 20 штандови, дипломатските претставништва во Република Македонија и други меѓународни организации промовираат и продаваат производи и сувенири од нивните земји.

На овогодинешниот базар на штандови презентираа производи од нивната држава амбасадите од Албанија, Велика Британија, Кина, Хрватска, Франција, Унгарија, Италија, Црна Гора, Холандија, Романија, Србија, Словачка, САД и Јапонија, а се вклучија и делегацијата на Европската унија и ОБСЕ Организација за безбедност и соработка на Европа.

Финансиските средства од Базарот во 2016 година беа наменети за Дневниот центар за деца од улица – Шуто Оризари,. Средствата од базарот во 2015 година беа наменети за Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“– Капиштец, а од Базарот во 2014 беа наменети за децата од посебното основното училиште „Златан Сремец“,Скопje. Во 2013 година, финансиските средства беа наменети за децата со Даунов синдром во Центарот за Даунов Синдром – Скопје, додека во 2012 година беа наменети за поддршка на децата во посебното основно училиште „Илинден“ Скопје.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен