Цедевита ја победи Цибона со 78:75 во „мајсторката“ од финалната серија на плеј-офот во кошаркарското првенство и четвртата година по ред стана шампион на Хрватска.
Решавачката предност во петтиот дуел од финалето одигран синоќа на теренот на Цибона, кошаркарите на Цедевита ја стекнаа во третата четвртина по серијата од 14:2.
Најефикасен во победничката екипа беше Рајан Боутрајт со 22 поени, Миро Билан додаде 12. Кај Цибона најдобар играч беше Лука Жориќ со 13 поени.