Во Албанија сифилисот се шири со загрижувачка брзина

Од:

Се поголем е бројот на заболените од сексуални заразни болести во Албанија. Посебно со загрижувачка брзина се шири сифилисот, јави дописникот на МИА од Тирана.

Во периодот јануари –ноември регистрирани се 97 случаи, но бројката е многу повисока, зашто приватните болници не ги пријавуваат случаите во Инситутот за јавно здравје.

– За единаесет месеци регистрирани се 97 случаи на сифилис. Од нив 78 се жени и 20 мажи, изјавила Адела Васили епидемиолог.

Силва Бино, од Инситутот за јавно здравје предупредува дека сифилисот станува загрижувачка појава за здравстениот систем во земјата.

Освен оваа заразна болест, во земјата, според стручните лица загрижувачки се шири и сидата. Во перидот јануари-ноември регистрирани се нови 70 случаи на заразени со ХИВ/СИДА, со што вкупната бројка на регистрирани случаи се искачи на 555.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски