Одбележани 80 години живот и 60 години од творештво на Јован Павловски

Од:

Друштвото на писателите на Македонија денеска одбележа 80 години од раѓањето на истакнатиот македонски писател Јован Павловски и 60 години од неговата творечка дејност.

За содржинските и естетските особености на опусот на Јован Павловски зборуваа претседателот на ДПМ Веле Смилевски и универзитетската професорка Лорета Георгиевска-Јаковлева.

– Како поет, раскажувач, романсиер, драмски автор, писател за деца и публицист Јован Павловски создаде богат и разновиден опус кој има свое значајно место во тековите на современата македонска литература, истакна Смилевски.

Тој потсети дека Јован Павловски бил претседател на ДПМ во три мандати или, како што рече, во мошне деликатни периоди, во време кога требаше да се покаже мудрост, такт, толеранција, разбирање и цврстина за да се артикулира и досмислува активноста на македонската писателка асоцијација.

– Тоа што ДПМ годинава го слави својот голем јубилеј, 70 години од своето постоење е неодминлива заслуга на Јован Павловски, кој за нас, што добро го познаваме и со кого континуирано соработуваме, го примаме и го доживуваме според сите димензии на една комплетна личност, како човек, пријател, творец, интелектуалец, писател, новинар, професор, публицист и енциклопедист, потенцира Смилевски.

Георгиевска-Јаковлева се осврна на животот и делото на Јован Павловски, кој според неа пред се е раскажувач.

– Неговите романи се сложени, најчесто линеарни, но секогаш со фрагментарна структура, рече Георгиевска-Јаковлева.

Јован Павловски дебитираше со стихозбирката „Август“ во 1962 година, а потоа објави низа поетски книги, меѓу кои: „Медеја“, „Идентитет“, „Ментален простор“, „Одработен страв“ и „Строгоста на живеењето“. Автор е на романите „Тоа Радиовце во кое паѓам длабоко“, „Сок од простата“, „Проверка на слободата“,„Град, години луѓе“…

За своето дело Павловски е добитник на врвни награди, меѓу кои: Рациново признание, „Стале Попов“, Книжевно жезло за творечки опус, „13 Ноември“ на Град Скопје, „Крсте Мисирков“, „Духовен воин“ и „Златно перо“. Неговото творештво е преведено на повеќе од 20 јазици.

Би можело да ве интересира

Почина писателот Видое Видичевски

Ана Ололовска

Отворен конкурс за традиционалните годишни награди на ДПМ

Ана Ололовска

Поетите Михаил Ренџов и Мирослав Биелик добитници на „Книжевен жезол“ за 2020 година

Ана Ололовска

Врачени годишните награди на ДПМ

Ана Ололовска

ДПМ ги соопшти добитниците на наградите за 2019 година

Ана Ололовска

Поетско читање во чест на Блаже Конески

Ана Ололовска