Царинските приходи во првите пет месеци повисоки за 9,6 отсто

Од:

Царинската управа на Република Македонија во првите пет месеци од 2017 година оствари за 9,6 отсто повисоки приходи од тој период во 2016 година кои изнесуваат 30,5 милијарди денари.

Во соопштението од Царинската управа наведуваат дека по остварениот највисок приход во своето 25-годишно постоење како независен државен орган и во 2017 година го задржа трендот на успешна наплата на давачки во своја надлежност.

Износот на наплатени давачки по видови за период 01.01 – 31.05.2017 година, изнесува:

Наплатата на ДДВ заклучно со 31 мај 2017 година изнесуваат 18,2 милијарди денари што е за 13 проценти повеќе во однос на тој период лани. Приходите од царина се 2,1 милијарди денари што е за 9,2 отсто повеќе од наплатата во тој период лани, акцизите изнесуваат 9,9 милијарди денари што е за 4,2 отсто повеќе и приходите се во износ од надоместоците за 250 милиони денари или за 5,7 проценти.

Царинската управа на Република Македонија, како што стои во соопштението, очекува да го исполни и да го надмине планот за наплата на давачки за 2017 година.

Би можело да ве интересира

Спречен шверц на копачки, парфеми и облека

Спречен шверц на брендирани производи, цигари и девизи

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Царинска управа: Спречен влез на 1,7 тони лекови штетни по здравјето на граѓаните

А1он

Богоев: Денот на Царината го одбележуваме со високи резултати во приходите, сузбивањето на криминалот и реформските процеси за забрзана интеграција во ЕУ

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

A1on