ДС: Честитки за новата Влада

Од:

„Демократскиот сојуз на Зоран Заев, му го честита изборот за премиер на Владата на Република Македонија, како и честитки за министрите во неговиот кабинет.

Промените зад кој застанаа над 700 илјади граѓани започна. Нашите очекувања од новата реформска Влада се стабилизација на државата, релаксирање на состојбите и креирање на амбиент за сигурност на сите градење на единство и сплотеност, воспоставување на нов систем на вредности,коренити реформи на политичкиот систем и подеднакво важење на законите за сите граѓани.

Ги подржуваме определбите за деблокирање на евроатланските -интегративни процеси и длабоките реформи во системот за безбедност (тајните служби), правосудството,како и реформите во даночната политика и образованието (укинување на екстерното тестирање и сл.) и другите области.

Очекуваме силна целосна декриминализација на државата и неселективна и ефикасна борба против организираниот криминал и враќање на украдените пари на граѓаните.

Демократскиот сојуз и натаму ќе предлага идеи за јакнење на демократските капацитети, владеење на правото, подинамичен економски развој и еднакви шанси за младите да останат, работат и создаваат во Македонија“, се вели во соопштението на Демократскио сојуз.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра