Околу 250 килограми хероин запленети се во регионот на Кемерово и Караганди, во специјалната операција на руската Федерална агенција за контрола на наркотиците (ФСКН).
Во вчерашната операција во Кемерово запленети се речиси сто килограми хероин, а уште 150 килограмни во Караганди.
Директорот на ФСКН, Виктор Иванов изјави дека се уапсени шефовите на шверцерската мрежа.