На ДАФ настапуваат драмските аматери од Стара Пазова, Србија

Од:

Во рамки на официјалната конкуренција на ДАФ во кочани, синоќа љубителите на теараската уметност имаа можнсот да ја проследат втората театарска претстава на ансамбли од странство.

На сцената на националната установа „Бели мугри“ беше изведена „Вечер на буидалите“ од Франчезис Вебер, во режија и адаптација на Александер Бако. Десетината драмски аматери од Србија оставија силен впечаток кај кочанската публика.

Во терминот предвиден за ноќни престави, настапи Драмската група од Средното општинско училиште „Никола Карев“ од Струмица, со преставата „Бомбите во салонот Бумс“ од Тоомислав Османли, во режина на Кире Ѓоргиев.

По завршувањето на секоја од преставите фестивалкиот одбор организира разговори кои годинава ги води Јасмина Билаловиќ, драмски уметник од Скопје.

Вечер на репертоар се аматерите од Тетарската работилница од Прилеп со претставата „Сонувачот, купувачот и уште нешто“, во режија на Игор Трпчески, Драмското студио при Центарот за култура од Крива Паланка со „Не се клади на енглези“ во режија на Глигор Цветковски и Тетарската група „Дрим тим ЈБТ“ од Гимназијата „Ј.Б Тито“ од Скопје со претставата на Вилијам Шекспир „Ричард 3“ во режија на Ана Варелова и Емилија Величкова.

Настапите на драмнските аматери и театарски групи годинава на ДАФ ги оценува жири комисија во состав: Димче Николовски, режисер, Андреја Голуб, драмски уметник, и Венцо Димитровски, сценограф.

Би можело да ве интересира

Доделени наградите на 59. издание на ДАФ: Гран при за претставата „Ништо не ѐ страшно“ на „Театар Пи“

Ана Ололовска

Претставата „Немам каде да се вратам“ ја освои Гран при наградата на 60. ДАФ

Ана Ололовска

Почна 56. издание на Драмскиот аматерски фестивал

Ана Ололовска

„Класот Х“ на Театар Пи во официјалната програма на ДАФ 2019

Ана Ололовска

Драмскиот аматерски фестивал прославува 60 години од своето постоење

Ана Ололовска

Драмскиот аматерски фестивал – ДАФ прославува 60 години од своето постоење

Ана Ололовска