Ирачкиот претседател во критична состојба

Од:

Ирачкиот претседател Џалал Талабани претрпел инфаркт и се наоѓа во критична, но во стабилна состојба, изјавија владини претставници и додадоа дека тој е сместен во болница во Багдад.

Тој е хоспитализиран доцна синоќа, откако претрпел срцев удар, а претставници на неговиот кабинет претходно изјавија дека претседателот е сместен во болница, поради исцрпеност.

Талабани е Курд, познат по тоа што посредуваше меѓу ирачките фракции на шиитите, сунитите и Курдите.

Неговата канцеларија не изнесе други детали за неговата здравствена состојба.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак