Македонската филхармонија вечер ќе одржи симфониски концерт насловен „Видеоигра“ со музика од најпознатите видеоигри во светот, под диригентство на Тимоти Редмонд од Велика Британија.
Меѓу композициите кои ќе бидат изведени се од видеоигрите: Final Fantasy, The Legend of Zelda, Super Mario, Angry Birds, Grand Theft Auto, Battlefield, Pokemon, Tetiris, World of Warcraft…
– „Видеоигра“ ќе донесе иновативност и ќе им даде поинаква визура на симфониските концерти. Првпат во Македонија ќе се изведува музика од најпопуларната форма на забава во светот, аранжирана за голем симфониски оркестар. Всушност, еден од главните сегменти во изработка на видеоигрите, особено во последните две децении, е музиката, на која ѝ се пристапува мошне сериозно и така таа на некој начин добива филмска димензија. Често за автори на музиката за видеоигрите се ангажираат и некои од големите композитори на филмска музика. Музиката за видеоигрите денес е дел од репертоарот на сите големи симфониски оркестри во светот, соопшти Филхармонијата.