Нов министер за правда, според предлогот на ДУИ ќе биде Билен Саљији, досегашен директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство.
Во биографијата на Саљији доставена со предлог-составот на владата се наведува дека има завршено гимназија „Панче Поповски” во Гостивар и Правен факултет на Државниот универзитет во Тетово. Саљији има положени правосуден и нотарски испит.
Од 2005 до 2009 година бил советник за односи со јавноста во општина Врапчиште, од 2009 до 2011 година бил директор во ЈКП Врапчиште во општина Врапчиште, а од 2011 до 2017 година бил директор на Државен инспекторат за шумарство и ловство.
Во биографијата наведува дека покрај албански и македонски има познавање на англискиот јазик.
Саљији е роден на 23 јуни 1975 година во Добри Дол, општина Врапчиште. Оженет е и татко е на три деца.