Ученици од Општинското музичко училиште „Ристо Јуруков“ од Кочани викендов настапија на два мегународни натпревара и освоија неколку први места.
На меѓународниот натпревар за пијано во Врање, Србија, ученичките Викторија Петрова и Луна Милосова освоија први награди, а Јован Филипов се пласираше на второто место. Тие настапија во класата на професор Оливер Стоименов.
– На меѓународниот натпревар за гитара „Тримоло 207“ одржан во Скопје, Мери Манасиева освои прво место, а Данче Ајтовска се пласираше на второто место. И двете ученички настапија во класата на професор Зоран Христов, изјави Бети Ѓорѓиева, директор на ОМУ „Ристо Јуруков“ во Кочани.
Исто така, ученикот Андреј Петров освои прво место на државниот натпревар по солфеж, а Љупка Јорданова е првопласирана на државниот натпревар по теорија. Двајцата ученици настапија во класата на професор Благој Николов.