Средба на претседателот на Собранието со турската амбасадорка Еркал Кара

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска се сретна со амбасадорката на Репубика Турција во Република Македонија Тулин Еркал Кара.

– Честитајќи го изборот за претседател на Собранието на Република Македонија, амбасадорката Тулин Еркал Кара истакна дека во Република Турција будно се следат случувањата во Република Македонија и надминувањето на политичката криза, без мешање во внатрешните работи на земјата. Таа истакна дека како долгогодишен политичар и поранешен пратеник била длабоко вознемирена од случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година и изрази надеж дека со изборот на новата влада ќе се надмине политичката нестабилност во земјата, се вели во денешното соопштение од собраниската прес-служба.

Џафери нагласил дека високо го цени пријателството со Република Турција, а особено плодната соработката што ја остварил со своите турски колеги како поранешен министер за одбрана и поранешен шеф на Делегацијата во Парламентарното собрание на НАТО. Тој изразил надеж дека плодната соработка на парламентарно ниво ќе продолжи да се продлабочува, како меѓу претседателите на двете собранија, така и меѓу парламентарните групи за соработка и пријателство. Во врска со настанатите од 27 април, претседателот на Собранието истакна дека се преземени превентивни мерки ваквите случувања да не се повторат во иднина.

Соговорниците се согласиле дека севкупните односи меѓу Република Македонија и Република Турција се карактеризираат со традиционално пријателство, меѓусебно разбирање и активна соработка и изразија уверување дека ваквиот тренд ќе продолжи и во иднина.

Би можело да ве интересира

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он