Поднесени над 1.300 барања за субвенции за велосипеди до Град Скопје

Од:

Повеќе од 1.300 барања за субвенција за купување велосипед се доставени до денеска на шалтерите на Град Скопје.

Градските власти информираат дека на граѓаните ќе им обезбедат поврат на дел од потрошените средства за набавка на велосипед. Јавниот повик беше објавен во дневните весници и на градската веб страница од 13 мај 2017 година, а средства ќе се доделуваат се до исцрпување на буџетот наменет за таа намена, но не подоцна од 31 декември 2017 година. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „Прв дојден прв услужен“. Средствата што ќе ги надоместува Град Скопје се во износ од 50 отсто од цената на велосипедот, но не повеќе од 4.000 денари, нето износ, по лице.

Град Скопје најави дека за времетраењето на повикот, најмалку двапати ќе има повторно известување на јавноста преку електронските медиуми.

Право на учество на овој јавен повик имаат жителите на Град Скопје, односно од општините Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел и Сарај кои ќе купат велосипед од денот на објавување на јавниот повик се до исцрпување на буџетот наменет за таа намена, но не подоцна од 31 декември 2017 година.

Граѓаните за надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за учество се исполнети треба да достават: барање за надомест, кое може да се подигне во архивата на Град Скопје или да се обезбеди од интернет страницата www.skopje.gov.mk, доказ за жителство со доставување копија на важечка лична карта на барателот, копија од трансакциска сметка и доказ дека е извршено купување нов велосипед и тоа со копија од фискална сметка или фактура и извод од деловна банка со датум од денот на објавување на повикот.

Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање надомест за еден велосипед. Барањето за искористување на правото за надомест на дел од трошоците за купување велосипед, заедно со потребната документација треба да се достави до Град Скопје, булевар „Илинден“ бр.82, во архивата на Град Скопје, секој работен ден од 9:30 до 15 часот.

Градоначалникот ќе формира комисија за спроведување на јавниот повик, која ќе има задача да ги провери пристигнатите барања и документација и да даде предлог до него за усвојување или неусвојување на барањето.

– Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати пријави, се до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена, кој изнесува 10.000.000 денари, но не подоцна од 31 декември 2017 година, соопшти Град Скопје.

За пристигнатите и обработени барања ќе се води листа со податоци за име и презиме, адреса, контакт телефон, датум и час на пристигнатата пријава на јавниот повик, број на фискална сметка или фактура и износ на надомест за барателот и износ на персоналниот данок на добивката.

Град Скопје информира дека периодично ќе ја известува јавноста за преостанатите средства, се до нивно целосно искористување. Доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства, Град Скопје ќе го објави завршувањето на јавниот повик на својата веб страница. Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени, односно доделени кога на предлог на Комисијата, градоначалникот ќе донесе решенија за исплата на средствата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето